Живот

Знаци кои предупредуваат дека партнерот ќе ве остави!

На секого му случило барем еднаш – личност во која пополека се заљубуваме да покаже знаци дека ќе не повреди, а сепак ние свесно ги игнорираме. Ова се знаците која ги покажува личноста која ќе ве повреди.

Се се случува пребрзо

Ако сте се збилижиле неверојатно брзо, а партнерот ви делува како да е предобро за да е реално, веројатно не е. Ако веќе после првиот состанок ве уверува дека вие сте вистинската личност, големи се шансите дека многу брзо исто ќе се однесува кон друга.

Зборува едно, а прави друго

Слаткоречивите мажи имаат неверојатен талент кога е во прашање прзопотезното освојување на жена, но не смеете да го слушате што зборува, мора да го гледате и што прави. Ако сето тоа што го зборува не се поклопува со тоа што го прави, јасно е дека ќе ве повреди.

Има многу „луди“ бивши

Некои луѓе едноставно немаат среќа во љубовта, но ако дечкото во кој се заљубите има многу бивши кои и понатаму лудуваат по него, лесно може да падне во „искушение“ и да ве остави.

To Top