Home Спорт Злато на почетокот од сезоната за нашите воздухопловни спортисти

Злато на почетокот од сезоната за нашите воздухопловни спортисти

Изминатиов викенд, 16-17 март, во Џирокастер, соседна Албанија се одржа меѓународен натпревар во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување.

Временските услови беа одлични со поволни одлики на ветрот и термички влијанија коишто овозможија да се направат 6 максимални серии според правилата на FAI. На овој натпревар зедоа учество четириесет натпреварувачи од три различни земји, меѓу кои и членови на македонската параглајдинг репрезентација.

Севкупен победник на натпреварот е Борјан Јованоски член на Параглајдинг Клуб „Делта“, со вкупно 26 сантиметри, додека во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска член на клубот „Sky no limit“.

Ова е одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи. Веднаш се продолжува со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…