Home Актуелно Од денес две нови линии во оптек од скопскиот аеродром

Од денес две нови линии во оптек од скопскиот аеродром

Авиопревозникот „Виз Ер“ од денес пушта во оптек две нови авио линии од скопскиот аеродром.

Два пати неделно ќе се патува до Баден-Баден, секој вторник и сабота, а исто така два пати неделно во среда и недела ќе има лет и до Бремен. Првиот лет за Бремен од скопскиот аеродром е планиран за утре во 11:50 часот.

Со овие две дестинации, скопскиот аеродром директно е поврзан со вкупно 39 дестинации кон кои летаат 13 авиокомпании. Двете нови авиолинии од скопскиот аеродром, како и новите авиолинии од охридскиот аеродром се дел од договорот за финансиска поддршка што Владата го потпиша со авиокомпанијата „Виз ер“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…