„Зимски пекол“ на Кипар: Град колку орев го отепа земјоделскиот род и направи пустош


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Невремето кое во понеделникот го зафати планинскиот масив Троодос на Кипар, а беше проследено со град чии зрна беа со големина на орев, предизвика пустош на земјоделските насади кои беа пред почетокот на бербата.

Град со големина на ореви за само неколку минути ги покри патиштата со слој мраз во висина од седум сантиметри. Истовремено, температурата на воздухот од 20 Целзиусови степени за само неколку минути се спушти на само 5 степени.

Годинешната жетва е целосно уништена, апелираат жителите на планинските села кои бараат државна помош за да ја пребродат оваа голема несреќа и криза која ги снајде. Земјоделците соопштија дека невремето предизвикало пустош врз нивните земјишта и дека овоштарниците се уништени неколку дена пред бербата.