Home Актуелно Зимската служба во Скопје интензивно расчистува на терен

Зимската служба во Скопје интензивно расчистува на терен

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни.

Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.

Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и „Мајка Тереза“, во Старата Чаршија, како и на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камени мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата и мостот „Слобода“.

zimska-sluzba-5-januari-10
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваат теренот пред јавните установи, како и следните градски улици и булевари:

-Во општината Центар: Филип Втори Македонски, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Кочо Рацин, Мајка Тереза и Илинден;
– Во општината Карпош: Партизансски одреди и Илинден;
-Во општината Кисела Вода: Борис Трајковски;
-Во општината Аеродром: раскрсницата на железничката станица и булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу;
-Во општината Чаир: Втора македонска бригада, Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош, Методија Митевски, Б.Паровиќ;
-Во општината Шуто Оризари: Индира Ганди и Словенија;
-Во општината Бутел: Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина, Кемал Сејфула и Бутелска;
-Во општината Гази Баба – Александар Македонски;
-Во општината Ѓорче Петров – Ѓорче Петров.

Во расчистувањето се ангажирани 116 работници, додека од механизацијата се користат: два мотокултиватора со четки, три метларки, како и две патарки за посолување на мостовите. Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.

Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен и од почетокот на снежните врнежи досега се фрлени 175 тони сол на градските булевари и улици.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…