Спорт

Шапекоенсе го одби имунитетот – ќе се бори рамноправно!

Еден месец по авионската несреќа во која загина речиси целиот тим на Шапекоенсе, бразилскиот клуб со голем спортски гест повторно го воодушеви светот.

Имено, клубот го одби имунитетот, во наредните три години да не може да испадне од бразилската Серија А. Раководството соопшти дека тимот опстанокот во лигата ќе се обиде да го избори на теренот.

Шапекоенсе, ја прифати титулата во Копа Судамерикана, натпреварување на чии прв финален меч патуваа кога се урна авионот, но одби да го прифати имунитетот кој би им гарантирал учество во Серија А во наредните три години без оглед на постигнатите резултати.

Клубот во моментов има 20-тина играчи, раководството најави дека ќе пристигнат уште неколку засилувања, а дргуите тимови им нудат играчи на позајмица. По трагедијата неколку светски ѕвезди му ги понудија своите услуги на Шапикоенсе.

Шапекоенсе, во средата, го одигра првиот официјален натпревар по трагедијата. Тимот настапи во Купот на Сао Паоло и загуби 2:0 од Нова Игуаку.

Првиот меч во новата сезона Шапекоенсе ќе го одигра на 26 јануари, кога на домашен терен ќе го пречека Жонвил.

To Top