Зијадин Села на интензивна од Неврохирургија со згмечување на мозок и скршеници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пратеникот Зијадин Села од партијата Алијанса за Албанците има тешки повреди и како што веќе напишавме, хоспитализиран е на интензивна нега на скопската Клиника за неврохирургија, пренесува Фокус.

Според нашите извори, Села има контузија на мозок, т.е. нагмечување на мозок, скршеници, но е надвор од животна опасност.

Пратеникот синоќа беше еден од најповредените, откако демонстрантите од Иницијативата за Заедничка Македонија влегоа во Законодавниот дом и почнаа да тепаат по дел од пратениците, на што му претходеше изборот на Талат Џафери од ДУИ за претседател на Собранието.