Зидан: Загрижен сум, не направивме ништо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа беше декласиран со 3:0 на гостувањето кај Пари Сент Жермен во првото коло од Лигата на шампиони.

Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан не го криеше разочарувањето и отворено призна дека е загрижен.

„Тие не надиграа во се, посед на топка, бројки, шутеви… И покрај сето тоа, најмногу ме загрижува тоа што игравме без никаков интензитет. Вие не можете да одите без агресија на вакви натпревари“.

„Не се грижам дека примивме три гола против таков ривал кој е многу силен на предните позиции, тоа може да се случи. Ме загрижува тоа што ние не направивме ништо за да постигнеме гол“, истакна Зидан.

Имено, ова беше прв натпревар после сезоната 2003/2004 во Лигата на шампионите Реал Мадрид да немал ниту еден удар во рамките од голот. Со оглед на тоа дека во нападот на Реал играа Бејл, Азар и Бензема навистина овој податок звучи неверојатно.