Home Спорт Зидан е бивши: Перез започна преговори со неговиот наследник

Зидан е бивши: Перез започна преговори со неговиот наследник

Шпанските медиуми денес лансираа вистиска „бомба“ и тврдат дека претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез веќе го пронашол наследникот на Зинедин Зидан.

Имено, „Диарио Гол“ тврди дека Перез веќе започнал преговори со селекторот на германската репрезентација, Јоакин Лев и дека одличил да го отпишти Зидан на крајот на сезоната.

Французинот би го завршил овогодинешното првенство кое веќе е изугубено, па по 30 јуни би добил отказ.

Проблем за Реал Мадрид во преговорите со Лев може да биде тоа што тој има договор со германската федерација до 2020 година.

Лев веќе некое време се поврзува со тренерското столче во Мадрид, а според информациите „кралевите“ веќе го контактирале германскиот стратег.

Другата опција за заменик на Зидан е актуелниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…