Home Спорт Жоао Марио: Го наговарам Роналдо да дојде во Интер!

Жоао Марио: Го наговарам Роналдо да дојде во Интер!

Играчот на Интер Жоао Марио вели дека се обидува да го наговори својот сонародник и пријател Кристиано Роналдо да му се придружи во Милано.

Спортскиот директор на „нероаѕурите“ неодамна изјави дека треба да престанат шпекулациите дека Инетр може да го доведе Меси или Роналдо, но потоа Масимо Морати потврди дека клубот ќе донесе една голема ѕвезда следното лето.

„Португалија поседува голем квалитет, но Роналдо е секако нашиот талисман, нашиот најважен играч. Јас се обидувам да го наговорам да ми се придружи во Интер, но знам дека тоа ќе биде тешко. Кристиано не е само соиграч, туку и пријател и роден лидер. Навистина е многу добра личност која се грижи за се“, изјави Марио.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…