Home Вебкафе Животна приказна како на филм: Која иронија – ајкула да ти го спаси животот

Животна приказна како на филм: Која иронија – ајкула да ти го спаси животот

На Јуџин Фини, додека бил на излет со семејството во Калифорнија, му се случил напад од ајкула, но тоа, колку и да звучи апсурдно, за него била прилично среќна околност.

Немилиот настан се случил додека тој лежел на плажата, близу самиот брег. Нешто многу поголемо и помоќно го повлекло кон водата, но некако успеал да се извлече.

По нападот, имал рани на грбот, се преврзал со домашна „прва помош“, но болката не минувала, па отишол в болница и лекарите му направиле рентген.

Од снимките, произлегло дека Јуџин всушност има тумор на едниот бубрег. Операцијата била неодложна и се покажало дека тоа го запрело ширењето на туморот.

Самиот Јуџин признава дека нема навика да оди на систематски прегледи и, да не бил нападот од ајкулата, тој не би дознал за туморот навреме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Десет магични места на Медитеранот за вашето следно патување

Замислете го ветерот како нежно ја замавнува завесата додека седите на тераса со поглед ко…