Живеел во куќа со над 124 змии – починал откако го каснала една од нив


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маж од Мериленд бил пронајден мртов во неговиот дом во јануари каде што живеел со повеќе од сто змии. Животните биле сместени во терариуми.

Обдукцијата покажала дека мажот (49) починал откако го каснала отровна змија. Енди Овен, портпарол на државното Министерство за здравство, вчера потврди дека истрагата заклучила дека се работи за случајна смрт и дека мажот починал од каснување од змија.

Полицијата го пронашла мажот на 19 јануари, а веќе се сомневале дека починал од каснување од змија. Имено, во неговиот дом биле пронајдени 124 различни видови змии. Тие биле сместени во внимателно одржувани терариуми, а некои биле егзотични и нелегални, пишува NBC News.

„Никој не знаеше дека крие толку многу змии во куќата“, рекла Џенифер Харис, портпаролка на округот Чарлс во јануари. Таа додаде дека во куќата биле пронајдени змии ѕвечарка, кобри, црна мамба и бурмански питон долг четири метри.