Home Актуелно Жежок понеделник – Македонија влегува во жолта и портокалова фаза

Жежок понеделник – Македонија влегува во жолта и портокалова фаза

Денешниот ден, 9. август, во Македонија носи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје дневната температура че достигне до 38 Целзиусови степени, Маврово 31, Охрид 35, Битола 37, Крива Паланка 35, Берово 34, Кавадарци 40, Дојран 41.

Денес и утре времето ќе биде претежно сончево и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокалова фаза за опасност од високи температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…