Home Актуелно Жестоки казни за неовластена продажба на билети за Суперкупот

Жестоки казни за неовластена продажба на билети за Суперкупот

Во пресрет на одржувањето на претстојниот Суперкуп во Скопје, власта на Собранието му предлага да усвои ново кривично дело во Кривичниот законик, пренесува „Макфакс“.

Станува збор за неовластено нудење, рекламирање, продавање и овозможување на друг продажба или посредување во продажба на билети за јавни спортски натпревари, јавни културни или друг вид јавни манифестации.

Канцеларијата на премиерот Зоран Заев како координатор на активностите на институциите – членови на Работната група задолжена за организација на Суперкупот 2017 година, достави барање за свикување работна група задолжена за изменување и дополнување на Кривичниот законик заради преземање неопходни активности за регулирање на оваа материја, со што ќе се спречат и штетните последици кои би произлегле како резултат на преземање на ваквите нелегални дејствија.

Законските измени се доставени до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, чија седница е закажана за в четврток.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…