Home Вебкафе Жестока тепачка за вода (видео)

Жестока тепачка за вода (видео)

Овој жесток судир помеѓу два бескомпромисни животински вида се случи во националниот парк Тадоба во Индија.

Во потрага по вода мечка заедно со своите мали мечиња се сретнала со тигар кој ја бранеше неговата територија. Во овој национален парк веќе подолго време животните на топлото време имаат мака да стигнат до вода за пиење поради тоа што тигрите ги чуваат сите водени површини.

Според надлежните во паркот мечката се судрила со тигарот поради својот мајчински инстинкт.

Борбата меѓу дивите животни траела околу 15 минути, мечката се смирила дури кога тигарот ја соборил на земја и ги забил канџите во нејзиниот врат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…