„Жешко“ во Уставен: Гошева е за времено запирање на референдумот, тројца други судии се против


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според судијата известител во Уставниот суд, Елена Гошева, одлуката за референдумот содржи повеќе правни недостатоци и поради тоа таа предлага поведување постапка за истата, изрекување на времена мерка и запирање на активностите поврзани со референдумот.

Прашањето за референдумот, како што рече, е манипулативно, видот на рефередумот не е јасен, а не е наведен и целосниот назив на договорот од Преспа.

Со поинаков став е судијата Дарко Костадиновски, кој смета дека не треба да се поведе постапка за одлуката за распишување референдум, а на ист став се и судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.

Судијата Костадиновски рече дека има правни недостатоци, но оти тие не се суштински и не се причина за поведување постапка.

Уставниот суд денеска треба да се произнесе за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. Подносители на иницијатиците се политичката партија Левица и Светскиот македонски конгрес.