Home Шоубизнис Жешката професорка го батали Бред Пит за овој милијардер

Жешката професорка го батали Бред Пит за овој милијардер

Убавата израелска архитектка и професорка на универзитетот MIT, Нери Оксман, според пишувањата на странските медиуми, целосно го освои и шармираше Бред Пит. Но, за негова жал, славниот акте не успеа да ја освои неа.

Минатиот викенд папараците ја фотографираа Нери во Париз, во друштво на нејзиниот дечко, милијардерот Бил Акман. Убавата архитектка го бодреше својот дечко на тенискиот турнир во Finance Cup, во кој, како што кажува самото име, се натпреваруваат луѓето од светот на финансиите.

„Бил победи на турнирот, но ја освои и девојката. Бред ќе мора да ја засили свијата игра и својата едукација ако сака да освои таква импресивна, интелектуална жена“, вели извор за Page Six.

Друг извор пред два месеци пренесуваше дека Бред и Нери се воодушевени еден од друг.

„Веднаш се привлекоа еден со друг бидејќи споделуваат иста страст кон архитектурата, дизајнот и уметноста. Тоа е најдобро да се опише како професионално пријателство“, изјави изворот, додавајќи дека Бред сака да поминува повеќе време со Нери бидејќи го фасцинира.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …