Home Актуелно Жан Митрев на распит во ОЈО во врска со хемофилтрациските третмани на пациентите во неговата клиника

Жан Митрев на распит во ОЈО во врска со хемофилтрациските третмани на пациентите во неговата клиника

Од Основното јавно обвинителство потврдуваат дека д-р Жан Митрев е повикан на распит во врска со случајот за лекување пациенти со ковид-19 со хемофилтрација во неговата приватна клиника за кој ИРЛ објави документарна сторија.

– По објавувањето на сторијата на ИРЛ за лекувањето на пациенти со хемофилтрација, од ОЈО беше одлучено по допрен глас доктор Жан Митрев да биде повикан на распит – велат од ОЈО за медиумите.

Оттаму додаваат дека д-р Митрев бил уредно поканет да дојде во Обвинителство и да даде изјава во врска со овој случај, на која тој уредно одговорил и пристигнал во просториите.

Информативниот разговор со д-р Митрев е сѐ уште во тек, а го води обвинителот Гаврил Бубевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…