Зголемен бројот на пациенти по втор пат заразени со Ковид-19 во Македонија


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Прашање на денови е кога омикрон ќе биде потврден и во Македонија, смета имунологот д-р Александар Петличковски кој вели дека тестирањето на границите би можело да го успори ширењето на новата варијанта, но без драматичен ефект.

Според Петличковски, имунитетот што периодов се покажа дека го имаме ни обезбедува каква таква заштита и од омикрон, но сепак треба да се држиме до индивидуалните мерки како што се носење маски и држење дистанца.

Сепак, додека постои веројатност дека омикрон се шири и во Македонија, сега нема кој да потврди дали веќе го имаме „увезено“ новиот сој, оти освен тоа што не се анализира во МАНУ, не е започнато ниту најавеното секвенционирање на примероци во Институтот за јавно здравје. Ова во телефонски разговор за Канал 5 го потврдил Директорот на Институтот, Шабан Мемети, а образложението е дека досега епидемиолошките одговори на пациентите не упатувале дека има сомнеж за зараза со омикрон. Оттаму велат дека дури по Нова година ќе се прават анализите кои инаку се скапи, па секвенционирање на 40 примероци ја чини државата околу 15.000 евра. Ова е причината поради која од ваквите анализи се откажаа и приватните лаборатории кои инаку први го открија делта сојот во Македонија.

Во меѓувреме, епидемиолошката слика во земјава сега е стабилна, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје кој бележи пад на кривата од 8 %. Споредено со минатата недела опаѓа и бројот на хоспитализации, па сега во болница лежат околу 340 граѓани.

Единствено што расте е бројот на реинфекции, индикатор што инаку ја натера Светската здравствена организација да го крене црвеното знаменце на опасност за омикрон. Изминатата недела во Македонија триесет и шест лица по вторпат се заразиле со вирусот што е зголемување од 38,5% во однос на претходната седмица. Заклучно со 19 декември, вкупно се регистрирани околу 1.000 реинфекции.