Home Спорт Згасна сонот за втора фаза – Македонија поразена од Исланд

Згасна сонот за втора фаза – Македонија поразена од Исланд

Македонската репрезентација одигра лошо второ полувреме и беше поразена од Исланд (22:24), иако на пауза заминавме со два гола предност.

Македонија одлично го започна мечот и во првите минути направи предност од 4:1. Игравме одлично во одбраната, Борко имаше неколку одлични одбрани, па ја држевме резултатската контрола и на одмор заминавме со предност од 13:11.

Во второто полувреме видовме комплетно различна слика и му дозволивме на Исланд да направи комплетен пресврт. Во 34-та минута Исланд имаше предност од 16:17, а веднаш потоа разликата замина на два гола.

Македонија се обиде да се врати во натпреварот, но голманот на Исланд одбрани неколку клучни удари, а нападите на противникот беа долги и ефикасни. На крајот Исланд ги сочува двата гола разлика (22:24) и се пласира во следната фаза од Светското првенство.

Манасков и Лазаров со по пет погодоци беа први стрелеци во нашиот тим, а ги следеше Талески со 4 гола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…