Home Актуелно „Земјотресот“ на Вол Стрит ги тресе и европските берзи

„Земјотресот“ на Вол Стрит ги тресе и европските берзи

После намалувањето на индексот на фамозниот Вол Стрит и другите берзи ширум светот, стрмоглав пад на цените на акциите е забележан и на европските. Инвеститорите стравуваат од засилување на инфлација и зголемување на каматните стапки.

„STOXX 600“ индексот, кој е водечки на европската берза, падна за 2,6 проценти забележувајќи пад седми ден по ред. Лондонскиот „FTSE“ падна на 7.192 поени, додека парискиот „CAC“ лизна за 1,85 проценти на 5.185 бодови, а франкуртскиот DAX за 2,05 проценти на 12,434 бодови.

Падот на цените на европската берза следи по потопот на Волстрит, каде индексот „Dow Jones“ и „S&P 500“,  вчера потонаа за повеќе од 4 отсто, што е нивен најголем дневен пад од 2011 година, кога на пазарите владееше паника поради должничката криза во еврозоната и намалување на кредитниот рејтинг на САД.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…