Home Актуелно Земјотрес со јачина од 3,3 го стресе Дојран

Земјотрес со јачина од 3,3 го стресе Дојран

Земјтрес го погоди Дојран со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово , јавува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија денес, 5 јануари, во 04 часот и 06 минути регистрирше земјотрес кој потекнува од дојранското епицентрално подрачје со интензитет III според Европската макросеизмичка скала“, се вели во соопштението.

На 2 јануари во 5 часот и 24 минути на 10 километри источно од Дојран беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…