Home Вебкафе Земјата повторно „зина“: Дупка со пречник од 60-тина метри се отвори среде поле во Мексико

Земјата повторно „зина“: Дупка со пречник од 60-тина метри се отвори среде поле во Мексико

Дупка со пречник од околу 60 метри се појави во поле во близина на мексиканскиот град Санта Марија Закатепеко. Истата претставува сериозна закана за блиската куќа, пренесува Си-Ен-Ен.

Гувернерот на мексиканската држава Пуебло, Мигел Барбоса Хуерта, на прес-конференција изјави дека дупката е длабока 20 метри.

Гувернерот додаде дека семејството што живеело во куќата покрај дупката е евакуирано и дека досега никој не е повреден. Тој го предупреди локалното население да не се приближува до дупката.

„Дијаметарот на дупката на почетокот беше пет метри, а во следните часови таа значително се зголеми“, рече Беатриз Манрике, министер за животна средина на Поебло.

„Веруваме дека изгледот на дупката се должи на две работи – обработка на почвата и испумпување вода. Двете активности доведуваат до омекнување на почвата“ – додаде Манрике.

Група експерти од повеќе јавни институции ќе го испитаат настанувањето на дупката. Процесот ќе трае најмногу 30 дена.

Дупката првпат се појавила во саботата и постојано се полни со вода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…