Зеленски бара оружје: „Трпиме страшни загуби“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Украинската војска трпи големи загуби во борбите со руските сили во источниот град Северодоњецк и во регионот Харков и потребно ѝ е противракетно оружје, апелираше синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во своето синоќешно обраќање Зеленски истакна дека на Украина сега итно ѝ е потребно современо противракетно вооружување. Порача дека нема оправдување за тоа што партнерските земји ги одложуваат испораките на оружје.

Зеленски кажа дека дел од руските ракети ја пробиваат одбраната и предизвикуваат жртви. „Најжестоките битки, како и до сега, се водат во Северодоњецк и блиските градови и населба. Загубите, за жал, се болни“, истакна.

„Но, мораме да бидеме силни и тоа е исклучително важно за Донбас. Колку повеќе загуби ќе претрпи таму непријателот, помалку сили ќе има за продолжување на агресијата“, додаде.

Украина има „болни загуби“ и во регионот Харков источно од Киев, каде Русија ги зајакнува позициите откако неодамна беше потисната, според Зеленски. „На тоа подрачје борбите продолжуваат и ние мораме да продолжиме да се бориме, мораме жестоко да се бориме“, порача украинскиот претседател.