Со доаѓањето на студените денови, здолништата не мора да останат заборавени во плакарот. Иако најчесто ги врзуваме со пролетта и летото, со соодветни материјали, потопли горни парчиња и чизми тие се одличен избор и за есен и зима. Волнените, плисираните, сатенските и кожените модели лесно се вклопуваат во секојдневната гардероба, а со ролка, џемпер или класична кошула добивате изглед соодветен и за работното место.
Во актуелната понуда на популарните модни брендови има здолништа што може да се носат во месеците што следуваат. Од класични кроеви и карирани дезени до повпечатливи модели со интересни принтови, изборот нуди инспирација за различни деловни комбинации со чизми.

@annabelrosendahl

@annabelrosendahl
Здолништа за на работа што се носат со чизми оваа зима
Волнени здолништа: класичен избор за студените денови
Кога температурите се спуштаат, волнените здолништа се меѓу попрактичните парчиња за деловно облекување. Покрај тоа што одговараат на студеното време, нивната текстура и класичните кроеви внесуваат елеганција во изгледот. Особено убаво изгледаат моделите со рамен крој или со благо проширување кон долниот раб, во неутрални бои како сива, црна, темносина и беж. За на работа комбинирајте ги со кошула, тенка ролка или џемпер од фино плетиво, а изгледот заокружете го со чизми до колена. За поопуштена варијанта одговараат рамни чизми и едноставен џемпер, додека за поформални пригоди може да изберете чизми со потпетица.

@patriciawirschke

Reserved

Reserved

Zara
Плисирани здолништа за зимски деловен изглед со стил
Плисираните здолништа одамна се дел од деловната гардероба и оставаат простор за многубројни комбинации. Нивните набори внесуваат динамика и во наједноставниот изглед, а материјалот и должината одредуваат дали ќе делуваат поелегантно или полежерно. За во канцеларија особено лесно се комбинираат миди-моделите во црна, сива, кафеава или бордо боја. Носете ги со едноставна кошула, џемпер или кардиган, а за студените денови дополнете ги со чизми до колена.


Reserved
Извор: Lepota i Zdravlje