Home Спорт Завршивме со победа: Македонија на 15-то место на Светското првенство!

Завршивме со победа: Македонија на 15-то место на Светското првенство!

Македонската ракометна репрезентација се пласира на 15-то место на Светското првенство, откако попладнево бевме подобри од Чиле 32:30.

Во еден изедначен натпревар без многу мотиви за игра Македонија заслужено стигна до триумфот и со победа се завршува овој шампионат.

По изедначеното прво полувреме на почетокот од вториот дел Македонија поведе со 21:18, а потоа противникот направи серија од 8-3 и поведе со 26:24.

Тоа само ги мотивираше нашите ракометари па запнаа да играат подобри и за неколку минути ја вратија предноста и го привршија мечот за победа од 32:30.

Кире Лазаров со девет голови беше најефикасен на овој натпревар, Манасков имаше еден гол помалку од него. Никола Митревски мечот го заврши со 11 интервенции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…