ЗАВРШИ ПРЕОДНИОТ РОК: Ова се најголемите добитници и губитници!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера во 00:00 часот заврши преодниот рок во сите најсилни европски лиги, некаде веќе и беше завршен.

Во Англија можеше да се купува до 9-ти август, во Италија до 18-ти, додека Шпанците, Французите и Германците имаа можност да се засилуваат до 31-ви август.

Веројатно вчерашниот 31-ви август беше еден од најнеинтересните последни денови во преодните рокови со оглед дека како што споменавме во Англија и Италија преодниот рок заврши нешто порано. Преголеми изненадување немаше. Најголеми трансфер беа оној на Муса Дембеле од Селтик во Лион, како Бернат и Чупо Мотинг кои во последниот ден го засилија ПСЖ.

Освен повеќе помали трансфери кои не привлекуваат внимание, големи суми и изненадување немаше.
Како и секое лето и ова имаше добитници и губутници. Клубови кои најдобро го одработија преодниот рок и клубови кои лошата работа во летото би можела скапо да ги чини во сезоната.

Добитник: Барселона

Клубот кој со години се потпираше на својата младинска школа и одбиваше да плаќа огромни суми ја промени политиката. Култната „Ла Масија“ од поодамна не „исфрлила“ голем играч, а Барселона Б минатата сезона испадна во третиот ранг од шпанскиот фудбал. Барса во последните пет години потроши 800 милиони евра и застана зад Сити и ПСЖ кои потрошија милијарда, односно 820 милиони.

Ова лето може да се каже дека направија фантастични зделки. Го украдоа Малком во „пет до 12“ од Рома, пристигна Артуро Видал, од Севиља го купија стоперот Ленгле за 36 милиони евра, а многу се очекува и од Бразилецот, Артур кој пристигна за 31 милион евра.

Го задржаа Ракитиќ, на Евертон им ги продадоа Мина и Лука Сиње, а им го позајмија Андре Гомеш за вкупна сума од 55 милиони евра. Втофорд го откупи Делофеу за 13, Севиља Алеш Видал за осум, замина и Пако Алкасер кој како позајмен играч ќе настапува во Дортмунд за 2.25 милиони евра ( со опција за откуп).

За едниствена „дамка“ може да се смета заминувањето на Паулињо во Кина, но Артур и Видал би требало повеќе од достојно да го заменат.

Добитник: Ливерпул

Како и Барселона и Ливерпул одлично ги пополни местата на кои беше „тенок“.

Најважната работа после финалето во ЛШ минатата сезона беше купување на голман. Пристигна Алисон Бекер за 60 милиони евра и ако се суди по првите натпревар ќе
биде полн погодок, бидејќи Бекер се уште не е совладан во Премиер лигата.

Во средината пристигна Кеита кој беше договорен уште минатото лето за 60 милиони евра, како и Фабињо од Монако за 45 милиони евра. Нападот воопшто немаше потреба да се менува тука се неприкосновените Салах, Мане и Фирмино, но како поддршка беше купен Џердан Шаќири од Стоук за 15 милиони евра кој сигурно многу ќе значи во ротацијата.

Добитник: Интер

Иако првенството го отвори со пораз и Реми, Интер после долги години изгледа како сериозен конкурент во Италија.

„Нероаѕурите“ се засилуваа во сите линии.
Во одбраната пристигнаа Квадво Асамоа, Шиме Врсалјко и Стефан Де Фрај. Тука и Раџа Наиголан во средината, а конкуренцијата на крилните позиции ја засилија Матео Политано од Сасуоло и Кеита Балде од Монако.

Доведоа и млад Аргентинец од кого многу се очекува, Лаутаро Мартинез пристигна од Расинг за 16 милиони евра. Во минатата сезона во аргентинското првенство

Мартинез на 27 натпревари постигна 18 и намести пет погодоци.

Освен засилувања се ослободија и од вишокот со што за 90 милиони евра ја наполнија касата ода заминувањата на: Кондогбија, Мурлио, Сантон, Валиети, Батела, Едер, Караро, Нагатомо, Бјабјани и уште неколкумина.

Добитник: Серија А

За трансферот на Кристиано Роналдо веќе многу се пишуваше, но во Италија што туку се очекуваат големите добивки од пристигнувањето на

Португалецот. Со неговото пристигнување, Серија А сега привлекува многу повеќе внимание и се бележи раст во продажбата на ТВ правата, посебно во азиските земји.

Рома, Милан, Интер конечно изгледаат како клубови кои можат да и направат проблем на „старата дама“, иако црно-белите и понатаму се прв фаворит за Скудетото.

Губитник: Жозе Мурињо

Португалецот веројатно поминува низ најлошите денови од неговата кариера. Ова требаше да биде година во која ќе бидат конкуренти на моќниот градски ривал Манчестер Сити, но многу веројатно нема да биде така.
Мурињо целосно ја изгуби довербата од управата и скоро и да не доби никоја од своите желби.

Најголема желба беше Хари Магваер за кого клубот не сакаше да плати 70 милиони евра, слично беше и со Тоби Алдервилд. Мурињо го убедуваше Боатенг од Баерн, но тој го одби англискиот гигант, на 18-ти август одекна и бомба за Диего Годин, сепак ниту тој не заврши на „Олд Трафорд“.
Така Јунајтед трансфер периодот го заврши само со Бразилецот Фред за кого на Шахтјор му платија 60 милиони евра и десниот бек Далот кој од Порто пристигна за 22 милиони евра.

Губитник: Реал Мадрид

Откако замина Роналдо, клубот изгуби многу повеќе од само еден играч. Навивачите очекуваа да пристигне голема звезда. Се чекаше топ напаѓач, но изгледа ситуацијата со Модриќ ги спречи „кралевите“ да реагираат.

Трансферот на супер талентираниот Винисиус Жуниор за 45 милиони евра кој е испратен во младинскиот тим секако е одлична работа, но недостасува вистински напаѓач. Се поврзуваа со Левандовски, Кејн, Кавани…На крајот пристигна само Диаз од Лион. Истиот Диаз кој на францускиот клуб беше продаден за седум милиони евра.
За 35 милиони евра го купија Тибо Куртоа иако на голот го имаат Кејлор Навас кој беше избран за најдобар голман во Лигата на шампионите за минатата сезона.

Накратко, Реал не направи ништо за квалитетно да го надополни заминувањето на Роналдо во секоја смисла. Колку ќе им недостасува доволно говори податокот дека во првото коло на „Бернабеу“ присуствуваа само 42.000 гледачи…Да не зборуваме дека Реал во овој момент во тимот нема играч кој може да ги надомести головите на Роналдо.

Да, тоа би можел да биде Бејл, под услов повторно да не се повреди…