Заврши пописот – официјалните резултати и статистики ќе бидат објавени најдоцна до март следната година


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вчера вечерта, во 20 часот, заврши пописот на населението, најобемната и комплексна статистичка операција која ја спроведе Државниот завод за статистика (ДЗС). Пописот е успешен а следува период во која ќе се обраотуваат податоците и споредуваат и вкрстуваат со бази на други државни институции за да се добијат прецизните бројки. Официјалните резултати се најавени за шест месеци или најдоцна до март идната година, пренесува Дојче Веле.

„Пописот зависи од сите нас и е за сите нас. Пописот е целосно успешно спроведен. Земјава покажа дека има капацитет да спроведе ваква тешка статистичка операција. Сите домови беа посетени, сите граѓани беа дел од пописот, а оние кои не беа опфатени, а се дел од базите на податоци, ќе бидат дел од пописот“, изјави Апостол Симовски, директор на ДЗС.

Според првичните официјални податоци попишани се 1.832 696 лица,568. 175 домаќинсктва и 837.255 станови. Опфатени се 91 отсто од објектите за живеење а останатите 9 отсто се деловни објекти.
Во дијаспората се попишани 204.805 лица, најмногу во државите од Западна Европа а помалку во прекуокенаски земји.

Сумирано тоа значи дека државата има 2.037.501 полнолетни и малолетни граѓани.

„Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени по неколку пати. Онаму каде што по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани да се попишат во седиштата на општините. Оние кои тоа не успеаја да го направат сепак ќе бидат дел од пописот бидејќи се очекува да ги има во некоја од базите кои ќе се користат при обработката на податоци, така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата“, рече Симовски.

А која е точната бројка на граѓани кои не се попишани доправ ќе се утврдува. Според Симовски, околу 10 илјади граѓани дошле во службените канцеларии за самите да се попишат а бројката на граѓани кои одбиле да се попишат е во промили и е неколку стотини.

Допрва ќе се проверува и дали и колку лица се двојно попишани а сето тоа ќе се врши преку споредба со други дата бази со кои располагаат надлежните институции.

На овие локални избори официјално регистрирани се 1.824.864 гласачи.

Последниот официјален и успешен попис беше спроведен во 2002 година.