Зауздување на чаламот: Полицајците во Ротердам на улица ќе ги соблекуваат младите кои носат облека и накит „прескапи за нивна возраст“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Службите од холандската полиција во Ротердам започнаа пилот програма во која планираат да конфискуваат скапа облека и накит од млади луѓе кои ќе им изгледаат премногу сиромашно за да го имаат тоа на себе. Ако „осомничените“ не докажат како купиле нешто што го носат, тоа ќе им биде конфискувано. 

Ќе бидат таргетирани млади луѓе кои носат дизајнерска облека а на полицајците им личи дека не можат да си дозволат да ја имаат. Ако не можат да покажат како дошле до тоа парче облека, истото ќе им биде конфискувано.

„Некои млади мислат дека се недопирливи. Има да ги соблекуваме на улица,“ вели полицискиот шеф Франк Пауув.

Тој се пожали дека досега имаат конфискувано Ролекси но не и облека, а таа особено важи за статусен симбол меѓу младите.

„Некои носат јакни и од 1.800 евра, а немаат приходи. Прашање е како дошле до тоа,“ образложува цајканот.

Пауув е убеден дека со ваквата улична модна сцена се праќа погрешен сигнал до граѓаните дека можат да се поседуваат работи до кои се дошло на илегален начин.

Критичарите предупредуваат дека ваква програма е опасен вовед до „расно профилирање“ на „осомничените“ иако полицијата вети дека нема да таргетира лица кои личат на „типични криминалци“.

Извор: ОффНет