Затоа мора да пиете сок од портокал

Затоа мора да пиете сок од портокал

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исцедените сокови се многу здрави, а портокалот е дефинитивно најцеденото овошје…

Една чаша сок од портокал содржи доволно витамин Ц за цел ден. Сокот од портокал содржи многу калиум и е одличен извор на два витамини од Б комплексот – фолати и тиамин, кои се составен дел на доброто здравје.

Истражувањата покажаа дека оние кои го пијат овој сок во умерени количини имаат многу посилен имунолошки систем и дека нивното тело е поздраво и подобро функционира, што значи дека портокалите се многу корисни и треба да ги внесете во вашиот организам.

Овој сок исто така не содржи многу калории (околу 110 калории), што значи дека ќе им користи и на луѓето кои слабеат и кои сакаат да ослабат. Сепак, еден таков цеден сок може да содржи и до 20 гр шеќер, што значи дека не смеете да претерувате со внесувањето на сокот.

Лекарите велат дека една чаша цеден сок дневно е сосема доволна и на тој начин нема да претерате со внесот на шеќер, па доколку сакате да бидете здрави, држете се до оваа мерка. Исто така, нутриционистите велат дека во сокот од портокал треба да додадете малку пулпа и влакна од самиот портокал, бидејќи тие се многу здрави и хранливи.