Home Актуелно Засега нема конечен договор помеѓу официјални Белград и Приштина

Засега нема конечен договор помеѓу официјални Белград и Приштина

Делегацијата на Белград вчера ги заврши разговорите со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак, и ја напушти зградата на Европската служба за надворешни работи без изјави за новинарите.

Како што неофицијално јавува Н1, синоќа сепак не е постигнат финален договор меѓу Белград и Приштина за решение на кризата на административните премини на северот на Косово. Разговорите ќе продолжат, но не е познато кога.

Главниот преговарач на Приштина Бесник Бисљими изјави претходно во Брисел дека двете страни постигнале начелен договор за решение за кризата, но дека делегацијата на Белград не дала согласност за точката на договорот која се однесува на автомобилите со КМ таблички.

Американскиот амбасадор во Србија Ентони Годфри во текот на вечерта на Твитер наведе дека е во близок контакт со американскиот претставник Габриел Ескобар, кој исто така се наоѓа во Брисел за поддршка на дијалогот.

„Работата не е завршена но е постигнат напредок. Страните мора да бидат флексибилни и да ја продолжат својата работа за ова да се финализира. Времето е сега“, порача Годфри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…