Home Актуелно Заробени и истоштени, но насмеани: Новообјавени снимки од заглавените момчиња во пештерата

Заробени и истоштени, но насмеани: Новообјавени снимки од заглавените момчиња во пештерата

12-те деца фудбалери со својот тренер се наоѓаат околу еден километар под земја и околу 2 километри одалечени од влезот на пештерата, а за да дојдат до нив на нуркачите им треба 3 до 4 часа нуркање.

Во една од најновите фотографии се гледа дека децата се покриени со фолии и ќебиња, а секој од нив е добар и здрав.

„Ви благодарам“ им вели едно од момчќињата на спасителите.

Морнарските „фоки“ ја поминале ноќта со децата за да ја подобрат нивната ситуација. Неколку од децата имале повреди, но истите им биле санирани.

Планот е да се воведе подводна телефонска жица за децата и нивниот тренер конечно да стапат во контакт со своите најблиски.

Сепак сè уште никој не знае како да ги извлече надвор, но најчеста и најможна опција која се споменува е да се научат децата да нуркаат. За жал ни еден од нив не знае да плива, па споре суровоста на теренот тоа претставува голем проблем.

Водата не е проѕирна, а стуите се јаки. Спасувачката екипа редовно носи храна на децата, а порати лошата временска прогноза се претпоставува дека децата биможеле да поминат и до 4 месеци во пештерата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…