Home Шоубизнис Зарина Првасевда вечерва со солистички концерт во Македонска филхармонија

Зарина Првасевда вечерва со солистички концерт во Македонска филхармонија

Во Филхармонијата вечер ќе се одржи солистички концерт на Зарина Прваседа, на којшто ќе биде промовиран нејзиниот прв официјален студиски албум насловен „ЕХО“.

Албумот е изработен со Кроациа рекордс и содржи 11 традиционални песни од Балканот, отпеани на пет јазици – македонски, албански, бугарски, српски и турски.
Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

„Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно“, вели Зарина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …