Home Актуелно Запрена постапката за измените на Законот за референдум

Запрена постапката за измените на Законот за референдум

Министерството за правда ја запре постапката за подготовка на измените на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се запира, изјави заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, во изјава за Академик.мк.

„Измените на Законот за референдум требаше да бидат технички, но со оглед на тоа дека најавите за измени добија друга конотација и кренаа непотребна врева, сега засега постапката за измени на Законот се запира“, вели Ристовски.

Заменик-министерот појаснува дека со најавените измени требало да се допрецизираат одредби во законското решение во насока на нивно усогласување со Изборниот законик и со текстот на Законот за судовите.

Министерството за правда на Единствениот национален електронски регистар најави дека подготвува измени на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. Најавата за подготовка на измените, која предизвика реакции во јавноста и која беше доведена во контекст на преговорите за името, денес е повлечена од регистарот.

Од Министерството за правда во најавената подготовка на законските измени образложија дека постојниот текст на Законот е неусогласен со текстот на Изборниот законик и со текстот на Законот за судовите. Основната цел на законските измени е надминување на постојните проблеми поради неусогласеноста на законското решение со Изборниот законик и со Законот за судовите.

Со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се уредуваат начинот и постапката за решавање и спроведување на референдум, покренување на граѓанска иницијатива, свикување и одржување на собир на граѓани, како и други прашања од значење за непосредно изјаснување на граѓаните.

Референдумот е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето за одделни прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, за прашања од надлежност на општините, на Градот Скопје и на општините во Градот Скопје, како и за други прашања од локално значење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…