Започна увидот во избирачкиот список – за ДИК бројката гласачи е во ред, „фантомите“ пак се во игра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера официјално започна увидот во Избирачкиот список, а според ДИК тоа е доволно време за негово расчистување, при што бројката од 1,8 милиони гласачи е реална. Невладините организации кои го следат процесот го тврдат спротивното и на нивна адреса веќе се стигнати поплаки кои ги отвораат старите проблеми.

Увидот во Избирачкиот список за претстојниот референдум закажан за 30 септември е започнат, а од ДИК сметаат дека рокот од 15 дена е доволен за негово прочистување. Граѓаните континуирано имаат можност да вршат увид во Избирачкиот список на веб страната на ДИК, а сега е последна можност за тие да проверат уште еднаш дали се точни нивните податоци, вели во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе го емитуваме в недела, претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Според него, бројката од околу 1,8 гласачи запишани во Избирачкиот список е реална.и со тоа јасно се става динстикција меѓу двете работи. Тоа е всушност разликата“, вели Дерковски.

Билјана Јордановска од невладината организација Цивил вели дека веќе добиле десетина пријави за неправилности во Избирачкиот список кои го потврдиле нивното сомневање оти повторно ќе се вратат старите проблеми.

Според неа, иако од ДИК најавиле дека можеби ќе има промени во точната бројка на гласачи за разлика од Дерковски таа смета дека бројката не е реална.

Извор: Радио Слободна Европа