Home Актуелно Замрзнати цевки и водомери предизвикаа прекин во водоснабдувањето во Прилеп и прилепско

Замрзнати цевки и водомери предизвикаа прекин во водоснабдувањето во Прилеп и прилепско

Во овој момент поголеми проблеми има во населените места Канатларци, горните делови и во селото Чепигово каде што има прекин на водоснабдувањето поради дефекти од замрзнување. Настојуваме да го решиме проблемот, специфично е зашто тешко се лоцира замрзнувањето на водоводните линии, вели Николоски

Поради студот и ниските температури, деновиве има дефекти во водоводната мрежа и во потисните цевководи во Прилеп, а потрошувачката на вода е енормно зголемена, информира директорот на ЈП Водовод и канализација, Сашо Николоски.

Во божикниот викенд се отстрануваше дефект во водоснабдувањето во селото Селце, има замрзнато куќни водомери, а во моментов нарушено е водоснабдувањето за две населени места.

Поради студот и фактот што се пуштаат чешмите во домовите за да не замрзнат, енормно е зголемена потрошувачката на вода. Николоски апелира до прилепчани да не се пуштаат чешмите, зашто може да се наруши водоснабдувањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…