Home Актуелно Замрзнат сиот имот во целосна или делумна сопственост на Сеад Кочан

Замрзнат сиот имот во целосна или делумна сопственост на Сеад Кочан

По поднесеното барање на СЈО, судија на претхода постапка од Основен суд донел решение за замврзнување на имотот кој е во целосна или доминантна сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“.

Според неофицијални информации, судот се уште писмено не го известил Кочан, но го информирале Специјалното јавно обвинителство дека барањето им е уважено. Со решението на судот, ќе се блокираат сметките на компанијата „Трансмет“ и телевизија „Нова“, како и други фирми на Кочан. Обидите за потврда на информацијата од страна на СЈО и Основен суд Скопје 1, останаа безуспешни.

За Сеад Кочан е донесено решение за притвор, но тој неколку дена претходно заминал на „службен пат“ и повеќе од два месеци е недостапен за органите на прогонот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…