Home Актуелно Законот за јазици интегрално испратен до Венецијанската комисија

Законот за јазици интегрално испратен до Венецијанската комисија

 И покрај ставот на вицепремиерот Бујар Османи дека од Венецијанската комисија ќе се бара мислење само за спорните точки, Владата го испрати до комисијата интергралниот Закон за јазици со барање на нивно мислење за двојазичноста. Освен интегралниот текст на законот, пратени се и двата спорни члена за двојазичност на парите и армиските униформи.

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите тврди дека сите забелешки од Венецијанската комисија ќе бидат спроведени.

И додека Владата и координативното тело уште се договараат како во пракса ќе се спроведе двојазичноста и колку тоа ќе чини, дел од функционерите на ДУИ надвор од досегашната пракса – го исфрлија македонскиот јазик од употреба. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими од говорницата во собраниската прес сала одбива да се обрати и да одговори на новинарски прашања на македонски јазик.

Освен план за практична употреба, до законодавниот дом ќе треба да стигнат и измени на закони. Веќе за идниот месец вицепремиерот Османи организира и донаторска конференција на која се поканети амбасадори од сите земји членки на ЕУ, но и помоќни институции кои финансиски ќе помагаат за имплементација на законот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…