Законот за двојазичност се враќа во Собранието, претседателот Иванов достави докази дека е противуставен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Законот за употреба на јазиците повторно се враќа пред пратениците. На вчерашната координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со пратеничките групи, било договорено Законот да биде ставен на собраниска седница, во понеделник.

На координацијата не присуствувале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие на прес-конференција побараа целосно повлекување на Законот, обвинувајќи дека е неуставен.

За власта пак, тој е изгласан во демократска, парламентарна процедура. Законот беше донесен на 11 јануари, но претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише и стави вето.

Иванов истакна дека при носењето на овој закон е злоупотребено европското знаменце за со просто мнозинство да се донесе закон со кој се менуваат системски закони коишто, пак, се носат со двотретинско мнозинство. Во образложението напишано на 14 страници, кое им е доставено на пратениците, се наведени сите делови, членови и ставови од Законот за употреба на јазиците кои, според Иванов, го кршат Уставот.

Предлог-законот за употреба на јазиците беше изгласан на 11 јануари и содржи 25 члена. Во писмото од Иванов, 19 членови од овој закон се наведени како противуставни. Ако биде изгласан и вторпат, без измени, претседателот нема право на вето.