Заканата од Макрон за заострени рестриктивни мерки натера 4 милиони Французи да се пријават за вакцинирање против Ковид-19


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После Франција, сè поголем број европски држави најавуваат отежнување на секојдневието на лицата кои не планираат да се вакцинираат против Ковид-19, оневозможувајќи ги да влегуваат во угостителски објекти, пренесува британскиот весник Гардијан.

Заканите вродија со плод бидејќи само неколку дена откако претседателот Макрон најави заострување на мерките и воведување ограничувања, за да се вакцинираат се пријавиле околу 4 милиони Французи.

Слични на француските се и мерките во Ирска, која од денеска ги отвара рестораните и пабовите. Влезот е дозволен само за оние кои се вакцинирани или за лицата кои прележале ковид.

Зелена пропусница од 6 август ќе биде неопходна и за сите кои во Италија сакаат да гледаат некој спортски натпревар, да одат во кино, театар или музеј а потврдата ќе важи и за оние кои сакаат да посетат угостителски објект од затворен карактер.

Британскиот премиер Џонсон најави дека е можно од септември да им се ограничи пристапот на невакцинираните лица во ноќните клубови.

Интересен е податокот дека на Универзитетот во Лунд во Шведска се работи на студија со која треба да се испита дали понудата за добивање паричен ваучер од 20 евра може да поттикне зголемување на бројот на вакцинирани.