Заев во име на сите коалициони партнери: Има позитивни сигнали за мандатот од Иванов – на добар пат сме


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека ситуациајта околу добивањето на мандатот од претседателот Ѓорѓе Иванов се развива во добра насока.

„Колку што можеме да ги прифатиме политичките сигнали од претседателот Иванов, мислам дека сме на добар пат за добивање на мандатот за формирање на Влада – рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по средбата која заедно со другите лидери на партиите од парламeнтарното мнозинство ја имаше со политичкиот директор при министерството за надворешни работи на Обединетото кралство Карен Пирс.

Заев повтори дека е подготвен да оди на средба кај Иванов, „сам или заедно со коалициските партнери“, на која ќе ја гарантира унитарноста на Република Македонија и заложбите во насока на евроинтегративниот процес.

„Македонија мора да оди напред. Преку дијалог ќе ги водиме процесите. Граѓаните се уморни од кризи, потребна им е позитивна промена, малку радост“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека за првпат се обраќа во име на сите коалициони партнери кои би требало да бидат дел од идната влада, а која пак ќе биде гарантирана со најмалку 67 потписи на пратеници.

„Но, очекуваме поддршка и од опозицијата бидејќи за некои реформи кои ќе ги преземе идната влада, како онаа на правсудството потребно е двотретинско мнозинство во парламентот“, рече Заев.