Home Актуелно Заев потврди дека му нудел на Мицкоски влез во Владата, за поддршка на Договорот со Грција

Заев потврди дека му нудел на Мицкоски влез во Владата, за поддршка на Договорот со Грција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола пред два дена обелодени дека Зоран Заев му нудел техничка влада и министерства, а за возврат барал да го поддржат Договорот со Грција.

Мицкоски, ваквиот предлог го одбил, со образложение дека честа и достоинството немаат цена.

Во интервју за ТВ Тера, премиерот Заев призна дека му го понудил ова на Мицкоски.

-Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно. Не, не сакаше, истакна Заев.

Тој посочи дека не му понудил 5 министерства на Мицкоски бидејќи СДСМ во Владата има 9.

– Тоа не е така, тоа не е од татко ми. Повикот беше заедно да се договориме. Мој е мандатот, немам проблем, го имам. Мојот мандат ќе го поделам ВМРО-ДПМНЕ, но тој одби, истакна Заев.

Еве го целото интервју:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…