Home Спорт Заев поради „Македонско девојче“ го повика Ѓоковиќ во Охрид и Скопје (ФОТО)

Заев поради „Македонско девојче“ го повика Ѓоковиќ во Охрид и Скопје (ФОТО)

Денес македонската јавност беше воодушевена од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил покажа почит кон нашата земја и ја запеа песната „Македонско девојче“ и тоа го направи на одличен начин.

Овој потег стигна и до премиерот Зоран Заев кој испрати отворена покана до Ѓоковиќ да ги посети Охрид и Скопје.

„Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.

Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија??.

Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.

Воедно, те следиме на Вимблдон ? и ти посакуваме успех“, стои во објавата на Заев на неговиот Фејсбук профил.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…