Home Актуелно Заев му се заблагодари на Борисов за вакцините: Ова е исклучителен чин на пријателство

Заев му се заблагодари на Борисов за вакцините: Ова е исклучителен чин на пријателство

По одлуката за донации на вакцини, премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека лично му се заблагодарил на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и на Владата на Бугарија и бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест.

„Ова е исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија.Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет“, вели Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…