Home Актуелно Заев и Ковачевски попладнево на средба со Али Ахмети

Заев и Ковачевски попладнево на средба со Али Ахмети

Актуелниот премиер и бивш претседател на СДСМ, Зоран Заев, попладнево во 17:30 часот ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврдија за МИА од Владата, посочувајчи дека дека не се предвидени изјави за медиумите по завршување на средбата.

Како што информираа од Владата, премиерот Заев ќе биде придружуван од новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

Оттаму посочија дека тоа е средба во рамки на серијата состаноци на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски со владините коалициски партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.

Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на должноста од страна на новиот партиски лидер Ковачевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…