Заев и Борисов на заеднички Илинден во Благоевград


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Втора година по ред, врвните владини делегации на Македонија и Бугарија заеднички го прославија и чествуваа Илинденското востание.

Овој пат премиерите Заев и Борисов се поклонија пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград. На одбележувањето на годишнината присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

Премиерот Зоран Заев од Благоевград, Бугарија, на заедничко чествување на 115 – годишнината од Илинденското востание со бугарскиот премиер Борисов, порача:

,,Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евро-атлантската иднина на нашите држави, на нашите народи и на целиот регион“.

На одржаната билатерална средба двајцата премиери ги потврдија заложбите за градење на заедничка иднина за граѓаните на двете земји, надминување на разликите, зајакнување на економскита соработка како процеси кои ќе донесат стабилност и просперитет за целиот регион.