Home Актуелно Задолжителна самоизолација во Швајцарија за патници од Македонија

Задолжителна самоизолација во Швајцарија за патници од Македонија

Владата на Швајцарија објави список со 29 земји чии граѓани ќе треба да се регистрираат кај надлежните органи на таа држава по пристигнувањето и да одат во самоизолација со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

На списокот се наоѓаат САД, Шведска, Бразил, Русија, Белорусија, Северна Македонија и други, што се оценети како земји со висок ризик на зараза.

Патниците кои биле во тие земји во претходните 14 дена, мораат да ги известат швајцарските власти при пристигнувањето и да одат во карантин во рок од 10 дена, соопшти швајцарската Влада.

Списокот на држави, како што се наведува, постојано ќе се ревидира со оглед на развојот на ситуацијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…