Забрзано расте бројот на новозаразени со КОВИД-19 – ковид-центрите низ државата се полнат со пациенти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вкупно 860 пациенти позитивни или суспектни на КОВИД-19 во моментов се хоспитализирани во болниците низ државата. Од нив, 343 се во Скопје и 517 во другите градови. Според податоците на Министерството за здравство, има околу 370 празни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти од кои еден е примен на интерните клиники, еден во ГОБ 8 Септември, 13 на Инфективната клиника и двајца во Козле. Дома биле пуштени 3 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37, на Институтот за ТБЦ 54 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, а на ГАК има 6 хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.

Во скопските ковид-центри утрово имало 30 слободни места.

Што се однесува до ковид-центрите вод ругите градови, најмногу има во Прилеп-84, а потоа во Куманово-71 пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип се хоспитализирани 40 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, а во Велес 34 болни. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Гостивар 17, во Струга 18, во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 11, Кавадарци 58, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.