Home Шоубизнис Заборави дека носи висок засек, па се расчекори јако

Заборави дека носи висок засек, па се расчекори јако

Една од јавните тајни на холивудските убавици и славни жени е дека сите носат долна облека за стегање (популарните spanx) која покрива добар и стегнува добар дел од бедрата. Една од оние кои ги носи таквите гаќи, а се надева дека тоа ќе остане тајна е Џенифер Лопез, која во средата гостуваше во шоуто од Елен Дегенерис.

Во еден момент, кога стана да танцува, најверојатно за миг подзаборави дека носи фустан со висок засек, па се расчекори јако и ја покажа нејзината „магична тајна“ поради која жешки и провокативни модни парчиња буквално спијат на неа (не дека не е одржана за годините).

Кога сфати дека публиката ги виде, Лопез само извика: „О, не, моите спанксици“. Но, не запре тука, туку продолжи со танцот покрај колегите од World of Dance, Џена Дјуан, Не-Јоа и Дерек Хаф.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …