Забеган гувернер: Ги затвори сите плажи за јавноста, па го одведе семејството на сончање


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот гувернер на американската сојузна држава Њу Џерси повторно е во цетнарот на вниманието на јавноста во САД.

Пред неколку години, Крис Кристи го затвори за сообраќај мостот помеѓу Њу Џерси и Њујорк, за да му се одмазди на политичкиот противник, иако преку мостот дневно поминуваат и по 300.000 возила.

Овој пат, Кристи, нареди да се затворат за јавноста сите јавни плажи во Њу Џерси преку викендот, наводно поради буџетски проблеми. Но, веднаш после спроведување на наредбата, тој го однесе своето семејство и пријателите на сончање на една од затворените плажи, каде целосно сами можеа да уживаат во сонцето и морето.

Сепак, тие не знаеја дека сето тоа го забележа фоторепортерот од Њујорк Тајмс. После сончањето, гувернерот се упати на конференција за печатот каде тврдеше дека тој ден „не фатил ни малку сонце“. Кога му ги покажаа снимките од него и неговото семејство како се сончаат на празната плажа, Кристи одговори дека само кратко се дружел со нив, а портпаролот на гувернерот имаше неверојатен одговор:

„Не фати сонце, носеше качкет на главата“.